
Македонскиот првак Струга Трим Лум се наоѓа пред последниот чекор за пласман во групите од Конференциската лига. Тимот и досега испиша историја на европската сцена, забележа неколку победи, елиминираше квалитетни противници, а сега пред стружани е исправен исландскиот Брејдаблик, како последна пречка пред влезот во рајот.
Огромен успех би било тоа за клубот, но и за македонскиот фудбал, доколку Струга ТЛ успее да се пласира во групите од ова европско натпреварување.
Првиот дуел е денеска, со почеток во 17 часот на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
„Подготвени сме, иако се соочуваме и со проблеми. Ќе го немаме Марјан Радески, а и јас ќе морам да бидам на трибините поради исклучувањето на претходниот европски меч. Но, тоа нема да нѐ поколеба, фудбалерите се максимално мотивирани и веруваме во сопствените квалитети. Секако, знаеме дека нема да биде лесно бидејќи Брејдаблик е одличен тим во кој настапуваат и тројца исландски репрезентативци. Струга ТЛ и досега испиша клупска историја на меѓународен план, а сега сме цврсто решени да го направиме и последниот чекор“, изјави тренерот Шпетим Дуро во пресрет на мечот.
Натпреварот меѓу Струга ТЛ и Брејдаблик е закажан за 17 часот.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам – Џуд Белингем ќе го освојува светскиот фудбал
Борусија Дортмунд би можела да ја искористи слабата фаза на Баерн Минхен и да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Голем пресврт на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Шчесни го спаси Јувентус од пораз во Бергамо
