Connect with us

Струга ТЛ ги почна зимските подготовки (ФОТО)

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум денеска официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, со што заврши паузата за избраниците на тренерот Бледи Шкемби.

Првиот тренинг се одржа во 13 часот, а првата фаза од подготовките ќе се одвива во Струга до 17 јануари. За време на оваа фаза, тимот ќе одигра два „тест“ натпревари, по што следува заминување во Анталија, Турција, каде ќе се одржи главната фаза од подготовките. Во Турција, тимот исто така ќе одигра неколку пријателски натпревари.

Добрата вест за Струга ТЛ е враќањето на Ард Касами, кој се рехабилитираше од тешката повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото што ја заработи на почетокот на септември. Се очекува Касами прво да започне со индивидуални тренинзи, а потоа постепено да се врати во тимот.

Струга ТЛ во моментот заостанува само еден бод зад лидерот Вардар и полусезоната ја заврши со само еден пораз.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови