Connect with us

Столе Димитриевски по долго време бранеше за Валенсија во Ла Лига

Валенсија и Елче одиграа натпревар без победник (1-1) во 19. коло на шпанската Ла Лига. Натпреварот на „Месталја“ понуди два погодоци во вториот дел и поделба на пленот. 

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски беше стартер меѓу стативите на „лилјаците“ во отсуство на повредениот Хулен Агирезабала. Кумановецот по подолг период е стартер за својот тим во шпанската елита.

Елче успеа да дојде до предност од првиот шут во рамките на голот. Течеше 75. минута кога Гради Диангана го матира Димитриевски за 0-1. 

Сепак, до крајот Валенсија доби пенал, одговорноста ја презеде Пепелу и реализира за конечни 1-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови