Connect with us

Столе Димитриевски одличен во триумфот на Валенсија (ВИДЕО)

Столе Димитриевски беше еден од најзаслужните за големата гостинска победа на Валенсија, која славеше со минимални 0-1 против Елче во натпреварот од 11. коло во шпанската Ла Лига.

Македонскиот репрезентативец имаше одлично голманско издание и во неколку наврати го спасуваше својот тим, кој беше под сериозен притисок од домаќините. Елче создаде повеќе шанси и беше поактивен во нападот, но не успеа да го совлада расположениот Димитриевски.

Одлуката за победникот падна во 69. минута, кога Умар Садик ја затресе мрежата на Елче и му донесе предност на гостинскиот состав.

Сепак, најголемата заслуга на Димитриевски дојде во самата завршница, кога со извонредна интервенција спречи израмнување и ги зачува трите бода за Валенсија. Македонскиот голман претходно имаше уште една значајна одбрана во првото полувреме.

Победата е особено важна за Валенсија, која по 11 одиграни кола има само девет бода и се наоѓа на претпоследното место на табелата. Новите три бода се голем поттик во обидот тимот да избега од опасната зона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови