Столе Димитриевски најверојатно ќе ја напушти Валенсија ова лето. Искусниот македонски голман е на чекор до излез од „Месталја“, откако клубот доведе нов чувар на мрежата кој треба да добие и приоритет со минутажата.
Според медиумите од Шпанија, Димитриевски веќе е понуден на Елче, новиот прволигаш кој бара искусен голман за предизвиците во Ла Лига. Планот е тој да оди на едногодишна позајмица, а потоа да се процени дали соработката ќе стане трајна, зависно од тоа дали Елче ќе обезбеди опстанок во елитата.
За Димитриевски, главниот приоритет е јасен: сака тим во кој ќе биде прв избор. Минатата сезона во Валенсија му беше разочарување, најголем дел од времето мина на клупата, во сенка на Георги Мамардашвили.
Иако Мамардашвили беше продаден на Ливерпул, Англичаните веднаш го вратија назад на позајмица, што ја затвори вратата за Столе.
Кога навивачите помислија дека конечно ќе дојде неговото време, Валенсија ги изненади сите со ангажманот на нов голман, Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао, и тоа повторно на позајмица. Со тоа, стана јасно дека за македонскиот репрезентативец нема простор и дека нов клуб е единствениот логичен чекор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Калјари ја победи Аталанта во Бергамо
Втора лига
Втора лига: Македонија ЃП подобра од Камјани
Евро-фудбал
Барса му нуди нов договор на Рафиња
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













