Валенсија конечно се израдува на првата победа сезонава во Ла Лига, а еден од најзаслужните за триумфот е македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.
„Лилјаците“ славеа со минимални 0-1 на гостувањето кај Алавес во шестото коло, а Димитриевски блескаше меѓу стативите.
Македонецот во неколку наврати со фантастични интервенции го спасуваше голот на Валенсија и беше еден од клучните играчи за освоените три бода.
Од клубот не го криеја задоволството од неговата партија, па преку социјалните мрежи испратија пофалби за својот голман и за неговите одлични одбрани.
За Валенсија ова беше прв триумф во првенството по шест одиграни кола, а Димитриевски со својата сигурност одигра значајна улога во конечното славје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













