Валенсија и Атлетик Билбао одиграа без голови (0-0) на „Месталја“ во деветтото коло од шпанската Ла Лига. Домашниот тим повторно остана без триумф, а не успеа да ја прекине негативната серија ниту на петтиот обид во првенството.
Атлетик Билбао подобро го отвори натпреварот и во воведните минути ја презеде иницијативата. Валенсија постепено се ослободи од притисокот и почна да се заканува, но ниту една од екипите не успеа да создаде доволно изгледна шанса за водство. Во завршницата на првото полувреме, Луис-Жан се обиде со лоб-удар, но топката заврши над голот.
На спротивната страна, Ињаки Вилијамс имаше добра можност, но Столе Димитриевски беше внимателен и го одбрани неговиот удар, па резултатот остана непроменет до паузата.
Валенсија тргна многу поофанзивно во второто полувреме и брзо создаде две сериозни можности. Во 51. минута, Данжума шутираше од левата страна, но беше непрецизен, додека седум минути подоцна Оторби со одличен дриблинг го мина Унаи Симон, но не успеа да ја смести топката во мрежата.
Домаќините продолжија да притискаат и во продолжението, но голманот на Атлетик Билбао беше на висината на задачата. Симон одлично реагираше и во 81. минута, кога Валенсија повторно се закани и беше блиску до водечки погодок.
Во судиското продолжение и гостите имаа можност да го казнат противникот за неискористените шанси. Сепак, по еден прекин, Атлетик Билбао му дозволи на домаќинот да тргне во контранапад, но Валенсија не успеа да го искористи ниту последниот обид.
На крајот, мрежите мируваа, а Валенсија повторно остана без победа во првенството, иако во вториот дел имаше неколку добри можности да ги освои трите бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













