Connect with us

Столе Димитриевски и Валенсија остануваат на дното од Ла Лига по поразот од Севилја (ВИДЕО)

Севилја оствари важна победа на домашен терен против Валенсија славејќи со 1-0. По овој пораз, тимот на Столе Димитриевски останува на дното на табелата во Ла Лига со само еден освоен бод по пет кола.

Одбраната на Валенсија долго одолеваше, меѓутоа потклекна во 81.минута.

По еден слободен удар, топката беше нафрлена во шеснаесетникот, а Хуан Иглесијас со удар со глава успеа да го совлада Столе Димитриевски.

Севилја по пет кола има 10 бода и во моментот се наоѓа на третата позиција на табелата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови