Connect with us

Стојчевски: Немаме право на грешка на домашен терен

Македонија ЃП пролетва веќе направи еден кикс на домашен терен кога во 19. коло во Ѓорче Петров загуби од екипата на Тиквеш. Сега, кога по распоред е нов дуел од ПМФЛ шампионатот, „лавовите“ имаат само една задача, а тоа е освојување на три бода.


Противникот е по мерка, онаков каков што и се посакува кога победата е императив. Тимот на Работнички се мачи сезонава, претпоследен е на табелата, и тоа значи само едно. Домашни бодови се реалност.

„Нормално е да посакуваме победа. Тоа не е нешто што би изненадило никого. Ние секогаш кога излегуваме на терен посакуваме да победиме. Секој домашен меч сезонава за нас е од огромна важност и нормално е со таков пристап да влегуваме. Секоја чест кон Работнички квалитетен тим, местото на табелата не ја отсликува силата на оваа екипа, но ние веруваме во нашиот квалитет и ќе го дадеме максимумот. Бодовите нас ни се неопходни, и вакви шанси за нивно освојување не смееме да пропуштаме повеќе“ – изјави Филип Стојчевски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови