Connect with us

Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?

Стефано Пиоли би можел да се врати на тренерската работа во Турција, откако се појави како главен кандидат за клупата на Трабзонспор.

Според информациите на новинарот Јаз Сабунџуоглу, турскиот клуб веќе започнал преговори со 60-годишниот италијански стратег, кој во моментов е без ангажман.

Трабзонспор остана без тренер по заминувањето на Фатих Теке, па раководството активно бара решение за испразнетото место. Пиоли засега е фаворит за нов шеф на стручниот штаб.

Италијанецот последен пат го водеше Милан, а потоа седна и на клупата на Ал-Наср. Во богатата тренерска кариера работеше и во Интер, Лацио и Болоња, додека последниот ангажман му беше во Фиорентина, од каде што замина кон крајот на минатата година.

Евентуалниот договор со Трабзонспор би му донел ново искуство во турскиот фудбал, но и сериозен предизвик во Европа.

Турскиот тим сезонава ќе има и европски обврски во Лигата на конференциите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови