Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски од Кипар се сели во Украина. Тој во наредните шест месеци ќе го носи дресот на украинскиот тим Мариупол. Спировски доаѓа како слободен агент, а во текот на денешниот ден ги мина лекарските прегледи и треба да биде претставен за ново засилување.
Стефан Спировски спогодбено го раскина договорот со АЕК Ларнака и се одлучи за нов предизвик.
Мариупол лошо ја стартуваше сезоната во Украина и има само четири освоени бода по осум кола.
Спировски за репрезентацијата на Македонија има 40 одиграни натпревари и еден постигнат гол.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski