Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, се наоѓа во тимот на сезоната во првенството на Хрватска. Тој е еден од четворицата фудбалери на Динамо Загреб, меѓу кои е и најдобриот фудбалер за оваа сезона, напаѓачот Бруно Петковиќ.

Ријека има дури шестмина фудбалери во најдобриот тим за хрватскиот шампионат и еден играч на Осијек. Во него се наоѓаат: Недиљко Лабровиќ (Ријека), Бруно Года (Ријека), Стјепан Радељиќ (Ријека), Нико Галешиќ (Ријека), Стефан Ристовски (Динамо Загреб), Тони Фрук (Ријека), Мартин Батурина (Динамо Загреб), Јосип Мишиќ (Динамо Загреб), Бруно Петковиќ (Динамо Загреб), Марко Пјаца (Ријека), Рамон Миерез (Осијек).
За најдобар играч во првенството на Хрватска е избран Бруно Петковиќ од Динамо Загреб, а најдобар млад фудбалер е Мартин Батурина, исто така член на старо-новиот првак.
За најдобар фудбалер на Хрватска по 12. пат е избран Лука Модриќ, додека најдобар голман е Доминик Ливаковиќ од Фенербахче.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













