Connect with us

Стефан Наумчевски од Брера се пресели во Приштина

Дефанзивецот Стефан Наумчевски официјално се пресели во редовите на Приштина, клуб со големи амбиции за шампионската титула во Косово. Со овој трансфер, Наумчевски ќе се приклучи на нашиот репрезентативец Марио Илиевски, кој имаше одлична полусезона со многу голови и асистенции, и ќе формираат силен македонски тандем во составот на косовскиот прволигаш.

Наумчевски, кој досега го носеше дресот на Брера, има богато домашно искуство, настапувајќи за Победа, Металург, Вардар и Тиквеш.

Покрај тоа, тој е и поранешен македонски младински репрезентативец, што го прави играч со значително искуство и квалитет кој може веднаш да донесе стабилност во одбраната на Приштина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови