Connect with us

Ставрев ќе го суди мечот од Лигата на Европа меѓу Брондби и Славија Прага

Нашиот најдобар фудбалски судија, интернационалецот Александар Ставрев на 16 септември ќе го суди мечот од првото коло во групната фаза на Лига на Европа во Копенхаген меѓу Брондби и Славија Прага. Ќе му помагаат Дејан Костадинов и Куштрим Лика. Четврти судија ќе биде Игор Стојчевски.


Претседателот на Судискиот одбор на ФФМ, Емил Божиновски, ќе патува за Молдавија и ќе биде контролор на судењето на мечот од првото коло од групната фаза во Лига на шампионите меѓу Шериф Тираспол и Шахтјор Доњецк.

Генералниот секретар на ФФМ Филип Поповски исто така е ангажиран од страна на УЕФА. Тој на 16 септември ќе биде организациски директор на средбата од првото коло од групната фаза на Конференциската лига меѓу Јаблонец и Клуж.

Нашата најдобра судијка, интернационалката Ива Пројковска, на 18 септември ќе го суди квалификацискиот меч за Светското првенство за жени меѓу Германија и Бугарија во Котбус. Ќе и помагаат Вјоса Изеири и Елена Соклевска-Илиевски. Четврта судијка ќе биде Ирена Велевачковска.

Advertisement

Facebook

Тимови