Connect with us

Ставрев ќе го суди мечот Анортозис – Рапид Виена

Александар Ставрев, кој е на списокот на квалитетните судии на УЕФА, е одреден за главен судија во квалификациите за Конференциската лига на Европа на мечот на Кипар меѓу Анортозис и Рапид од Виена. Ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, четврти судија ќе биде Игор Стојчевски. Средбата се игра во Ларнака на 12. август.


Поранешниот македонски меѓународен судија, сега на контролорска листа на УЕФА, Емил Божиновски, претседател на Судискиот одбор на ФФМ, ќе го контролира судењето на мечот од квалификациите за Лига на шампиони меѓу првакот на Молдавија, Шериф и Црвена Звезда што ќе се одигра на 10. август. Првиот меч во Белград заврши без победник 1-1.


Единствениот претставник од Македонија, кој се наоѓа на делегатската листа на УЕФА, Васко Дојчиновски на 3. август беше делегат на мечот од Конференциската лига на Европа во Елбасан меѓу албанската екипа Партизани и Базел.


Дојчиновски беше и делегат на претквалификациониот турнир за Лига на шамшпионите во Елбасан во Албанија од 18 до 20 јули на кој учествуваа прваците на Косово, Гибралтар, Фарски Острови и Андора.
/М.М/

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови