Connect with us

Статуа на Меси ќе биде поставена пред реновираниот „Камп Ноу“

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси заслужува сопствена статуа на реновираниот стадион „Камп Ноу“ на Барселона, изјави претседателот на клубот, Жоан Лапорта.

„Меси заслужува споменик на новиот стадион. Ќе подготвиме план, ќе разговараме со неговото семејство и ако тие се согласни, можеме да започнеме со работа“, изјави Лапорта.

38-годишниот Меси играше за Барселона од 2003 до 2021 година. Со клубот освои десет титули во шпанското првенство, осум трофеи од Суперкупот на Шпанија, седум пехари во Купот на кралот, четири титули во Лигата на шампионите, три пехари од УЕФА Суперкупот и една титула на Светското клупско првенство на ФИФА. Тој ги држи клупските рекорди по постигнати голови, асистенции и одиграни натпревари.

Во моментов Меси игра за американскиот Интер Мајами.

Меси е најдобриот стрелец во историјата на Аргентина, а со националниот тим ги освои Светското првенство 2022, Финалисима 2022, Копа Америка 2021 и 2024, Олимписките игри 2008 и Светското првенство за младинци 2005.

Тој е рекорден осумкратен добитник на „Златната топка“. Во јуни 2023 година Меси прејде во Интер Мајами, а по заминувањето од Барселона играше и за Пари Сен Жермен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови