Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ го игра третиот натпревар од Лигата на нации, а ривал е селекцијата на Шкотслка. Македонија има два порази, од Швајцарија и од Словенија, додека Шкотите останаа непоразени во Љубљана против Словенците, но исто така примија три гола од Швајцарија дома.
И Македонија и Шкотска се соочуваат речиси со истите проблеми, а сето тоа паѓа на плеќите на селекторите. Двете репрезентации немаат постигнато гол подолг период, а немаат секако ниту победа.
„Критикувајте ме мене, а дајте им поддршка на фудбалерите. Точно е дека немаме постигнато гол, дека немаме сѐ уште победа, но мора да знаеме и дека селекциите против кои играме се квалитетни, ова е Лига Б. Работиме напорно и верувам дека ќе дојдат и головите и победите“, изјави селекторот на Македонија, Гоце Седлоски.
Во слична ситуација е и Себастиен Покоњоли., можеби и во уште поголем проблем. Шкотска беше учесник и на Светското првенство, има поголемо педигре, а тимот не игра според желбите и очекувањата на јавноста. Освои бод, но не постигна гол против Словенија на гости во Љубљана, а потоа лесно загуби од силната Швајцарија на домашен терен.
Сега сите од Покоњоли и Шкотска очекуваат победа во Скопје против Македонија.
„Не чувствувам притисок, ниту јас, ниту фудбалерите, иако сме свесни дека не бевме на потребното ниво на претходните натпревари. Дојдовме во Скопје да победиме и се надеваме дека ќе го сториме тоа“, изјави Покоњоли.
Полесно е да се каже на прес – конференција дека нема притисок, а потешко е во реалноста да се издржи притисокот што го носат слабите игри и резултатите. Кој ќе издржи, Седлоски или Покоњоли?!
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













