Дејан Станковиќ официјално е претставен како нов шеф на стручниот штаб на Црвена Звезда, преземајќи ја функцијата од Владан Милојевиќ, со кого клубот претходно спогодбено ја раскина соработката.
Новиот тренер на „црвено-белите“ упати јавна благодарност до својот претходник за придонесот што го остави во клубот и истакна дека одлуката за враќање на клупата на Звезда ја донел без двоумење.

„Сакам јавно да му се заблагодарам на Милојевиќ за сè што направи за Црвена Звезда. Договорот го постигнавме многу брзо, не размислував дали ќе прифатам, туку како ќе изгледа целиот процес. Во ваков клуб не се бираат приоритети – секој трофеј и секое натпреварување се важни. Подготвен сум за сите предизвици. Тимот има квалитет, можеби се чувствува мал замор, но момците тренираат од јуни. Можно е пад на мотивацијата кон крајот на годината, но тоа ќе го надминеме“, порача Станковиќ на својата прва прес-конференција.
Поранешниот капитен на српската репрезентација, кој има 47 години, веќе еднаш беше на чело на Црвена Звезда, во периодот од јануари 2019 до август 2022 година. Во тој мандат освои три титули во домашниот шампионат и два трофеи во Купот на Србија.
Станковиќ и Црвена Звезда постигнаа договор за соработка до 2028 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













