Пелистер денеска го претстави најновото засилување – српскиот фудбалер Ѓорѓе Белиќ, 27-годишен играч од средниот ред кој може да покрива повеќе позиции на теренот. Со неговото доаѓање, клубот од Битола продолжува со градење на составот за новата сезона, која започнува во првата половина на следниот месец.
Белиќ својата кариера ја градел низ неколку клубови во Србија, меѓу кои се Мачва, Дрина Љубовија, Лозница, Дубочица, а последен пат настапувал за Вождовац.
Овој трансфер е уште една потврда за амбициозниот летен преоден рок на Пелистер, кој досега донесе неколку интернационални имиња во тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













