Connect with us

Србија доживеа дебакл против Мексико (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија доживеа уште еден тежок пораз. Во пријателски натпревар одигран во Толука, селекцијата на Мексико славеше убедлива победа против Србите од 5-1.

За српскиот национален тим ова е втор убедлив пораз во период од само неколку дена, откако претходно загуби и од Зеленортски Острови со 3-0.

Србија прва дојде до водство преку Петар Станиќ во 19. минута, но домаќините брзо се вратија во натпреварот. Јохан Васкез израмни во 34. минута, а непосредно пред паузата автоголот на Стефан Бокинац му донесе предност на Мексико.

Во второто полувреме домаќините целосно доминираа. Раул Хименез зголеми на 3-1 во 57. минута, а потоа следуваше уште еден автогол во српската мрежа, овојпат дело на Адем Авдиќ. Конечните 5-1 ги постави Луис Чавез во самиот финиш на средбата.

За Мексико, кој е еден од домаќините на претстојното Светско првенство 2026, овој триумф претставува дополнителен поттик во пресрет на најголемиот фудбалски настан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови