Connect with us

Срамни сцени од фановите на Шкендија: Свирежи на химната и навредлива кореографија за Вардар и ФФМ (Фото+Видео)

Срамни сцени приредија навивачите на Шкендија пред почетокот на финалето од Купот на Македонија.

Додека се интонираше државната химна на Македонија, навивачите на тетовскиот клуб останаа седнати и ја исвиркаа химната, потег кој предизвика негативни реакции во јавноста.

Несфатливо е на натпревар од вакво значење, кој се игра под организација на државното натпреварување, да нема почит кон симболите на државата.

Покрај тоа, фановите на Шкендија продолжија и со провокативна и навредлива кореографија кон ФФМ и нивниот најголем ривал Вардар, кој им ја одзеде титулата оваа сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови