Connect with us

Спортинг Лисабон сака да го доведе Хектор Белерин

Спортинг Лисабон појави сериозен интерес за играчот на Барселона, Хектор Белерин. Португалскиот гигант сака да се засили со поранешниот играч на Арсенал, во кого лисабонските „лавови“ ја гледаат идеалната опција во одбраната.


Дефанзивецот никогаш не бил дел од сериозните планови на Чави, а Спортинг сега притиска за договор со каталонците, затоа што го гледа Белерин како замена за Педро Поро, кој е пред трансфер во Тотенхем.


Шпанецот одигра само осум натпревари од почетокот на сезоната, а останува да се види дали двата клуба ќе постигнат договор пред затворањето на зимскиот преоден рок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови