Раководството на Спортинг ја одби првата официјална понуда за трансфер на Виктор Ѓокереш. По средбата помеѓу Хасан Четинкаја, агентот на Швеѓанецот, и раководството на Арсенал, следувала официјална понуда.
Арсенал официјално влезе во трката за Ѓокереш со голема внимателнос во преговорите. Поточно, далеку од посакуваните износи од страна на Спортинг. Според информации на „А Бола“ сумата не достигнала ни до 60 милиони евра + 10 милиони евра бонуси, што претседателот на „лавовите“ веќе ги има оценето како неприфатливо ниска цена.
Арсенал наводно понудил 55 милиони евра, плус уште 10 милиони евра во бонуси, но „лавовите“ ја разгледале ситуацијата и веднаш ја одбиле.
По ова „топчиите“ може повторно да се насочат кон Бењамин Шешко, напаѓачот на Лајпциг, кој исто така е меѓу потенцијалните засилувања во нападот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













