Специја му го нанесе третиот пораз на Милан во Серија А оваа сезона откако го совлада на домашен терен со 2-0. Лидерот на табелата одигра очаен натпревар и заслужено е казнет. Тимот на Стефано Пиоли останува со два бода предност во однос на Интер кој утре го пречекува Лацио.
„Росонерите“ не покажаа желба за триумф на овој меч, беа индолентни на теренот, а тоа Специја знаеше да го казни. Џулио Маџоре во 56.минута го отвори резултатот, а Симоне Бастони во 67.минута и дефинитивно го нокаутира Милан.
Advertisement
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













