Во возбудливото дерби од 27. коло на Серија А, Рома и Јувентус одиграа драматичен меч на „Олимпико“ кој заврши 3-3, откако домаќините водеа со 3-1.
Рома имаше рано шанси за гол, но Перин демонстрираше сигурност на голот и ја одбрани експресната шанса во третата минута. Следната голема прилика дојде во 24. минута, но Мален не успеа да го совлада Перин по додавањето на Манчини.
Првиот гол за Рома падна во 39. минута, кога Весли ја затресе мрежата од шеснаесетникот за 1-0. Јувентус брзо возврати на почетокот на второто полувреме: Консеиcао со прецизен удар од работ на шеснаесетникот израмни на 1-1.
Во 54. минута, Рома повторно поведе со погодок на Ендика по корнер, а 11 минути подоцна, Мален ја зголеми предноста на 3-1.
Јувентус не се предаде и во 78. минута преку Жереми Бога намали на 3-2, за да го завери пресвртот во третата минута од судиското продолжение со погодокот на Федерико Гати за конечни 3-3, ставајќи крај на спектакуларното дерби.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













