Connect with us

Спектакл, драма и шест гола на мечот во Франкфурт (ВИДЕО)

Фудбалска драма и шест гола во Франкфурт. Ајнтрахт и Борусија Дортмунд одиграа спектакуларни 3-3 во 16. коло од Бундес-лигата, во меч што понуди сè – пресврти, емоции и луда завршница.

За разлика од другите германски градови каде што снегот создаде проблеми, во Франкфурт сè беше подготвено за фудбалска претстава, а двата тима ја оправдаа довербата со врвен натпревар.

Борусија Дортмунд поведе уште во десеттата минута, кога Рајерсон проби по десната страна и одлично асистираше до Максимилијан Бајер, кој ја затресе мрежата на Сантос. Радоста на „милионерите“ не траеше долго, бидејќи Гираси направи пенал над Кох, а Џан Узун во 22. минута сигурно израмни од белата точка.

Во второто полувреме Ајнтрахт тргна поенергично, имаше неколку шанси преку Ебнуталиб и Кнауф, но голот стигна на другата страна. Во 68. минута Феликс Нмеча со малку среќа погоди за ново водство на Борусија Дортмунд.

Сепак, само три минути подоцна Јунес Ебнуталиб го искористи проигрувањето на Калијмуендо и повторно ја врати рамнотежата – 2-2.

Следуваше вистински хаос во судиското надополнување. Во првата минута од продолжението Махмуд Дауд со фантастичен удар донесе пресврт и 3-2 за Ајнтрахт, но кога се чинеше дека „орлите“ ќе ги однесат трите бода, Керни Чуквуемека во последните секунди со доза на среќа израмни за конечни 3-3.

По ова реми, Ајнтрахт е седмопласиран со 26 бодови, додека Борусија Дортмунд ја задржа втората позиција со 33 бодови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови