Connect with us

Спартак Трнава сака да го откупи Милан Ристовски

Словачкиот клуб Спартак Трнава сака да го откупи од Ријека репрезентативниот напаѓач Милан Ристовски. Тој одигра една полусезона за овој клуб, остави одличен впечаток откако постигна пет гола на 12 натпревари, но потоа мораше да се врати во Ријека.


Добрите игри во Спартак Трнава на Милан Ристовски му донесоа и повик во националниот тим за Европското првенство.


„Сакаме да го откупиме Милан Ристовски. Веќе испративме понуда до Ријека и го очекуваме одговорот. Ристовски е исто така заинтересиран да се врати овде. Се надеваме на најдобро“, изјави првиот човек на Спартак Трнава, Петер Мачо.


Милан Ристовски и Дарко Велковски се наоѓаат на подготовки со хрватскиот клуб. Тие добија неколкудневен одмор по настапите на ЕВРО, а сега се повторно во тренажен процес подготвувајќи се за следната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови