Селекторот на италијанската репрезентација Лучијано Спалети проговори за тоа каков настап сака да види од својата селекција на Европското првенство во Германија кое започнува на 14 јуни.
„Според мене, учеството на турнирот како освојувач на трофејот е предност. Но, од почеток мораме да разбереме дека мора да се однесуваме како актуелни шампиони.
Често за нас велат дека сме добри во одбраната и се отвораме на контранапади. Но, во Италија пристапот се менува – сакаме играчите да одат напред, а не да чекаат. Сакаме да притискаме и да се браниме како тим“, изјави Спалети.
Италија во групната фаза на ЕП 2024 ќе се соочи со Шпанија, Хрватска и со Албанија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













