Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, и покрај ремито 1-1 против Лече, јавно застана зад својот тим и упати пофалби за прикажаното на теренот. Иако „старата дама“ пропушти шанса да дојде до победа поради слаба завршница, искусниот стратег смета дека екипата оди во вистинска насока.
Спалети отворено укажа на главниот недостаток во играта, но и се осврна на дилемите околу изведувањето на пеналите.
„Мораме да бидеме попаметни и поконкретни во противничкиот шеснаесетник. Создававме опасност и во двата дела од натпреварот, но ни недостасуваше вистинскиот завршен потег. Тука има простор за напредок. Сепак, одигравме квалитетен натпревар, навистина квалитетен. Резултатот е важен, но уште поважно е што се гледа напредок во играта. Ако продолжиме во овој ритам, победите ќе дојдат“, порача Спалети.
Во врска со пеналите, тој појасни:
„Дејвид е еден од нашите изведувачи и ја презеде одговорноста, но едноставно немаше среќа – ударот не беше доволно висок. Покрај него, пенали можат да шутираат и Локатели, Јилдиз… Тие одлуки се носат во самиот момент, под влијание на емоциите. Од страна можеби изгледа поинаку, но на теренот ситуацијата е сосема различна“, заклучи тренерот на Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Евро-фудбал
Донарума експресно го напушта Манчестер Сити?













