Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, сака клубот да се обиде да го врати Федерико Киеза во Торино, и тоа преку позајмица од Ливерпул до крајот на сезоната. Италијанскиот стратег е во потрага по засилување по крилните позиции и смета дека токму Киеза е идеално решение за офанзивата на „старата дама“.
Според „Газета дело Спорт“, Јувентус има и други алтернативи, меѓу кои се фудбалерите на Брентфорд, Кевин Шаде и Микел Дамсгор, како и крилото на Сандерленд, Симон Адингра.
Сепак, англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул засега не планира да се раздели со Киеза, иако менаџерот Арне Слот очигледно го нема во прв план. И покрај бројните проблеми во нападот и отсуствата на Мохамед Салах, Александер Исак, како и Хуго Екитике, кој го пропушти дуелот со Фулам, Слот повторно не му даде шанса на Италијанецот да биде стартер.
Наместо тоа, на десната страна предност добиваат Доминик Шобослаи и Џереми Фримпонг, додека Киеза најчесто влегува во игра дури по 80. минута. Неговиот единствен старт во Премиер – лигата оваа сезона беше на натпреварот против Вулверхемптон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













