Јувентус се соочува со сериозни проблеми во нападот, а торинскиот весник „Тутоспорт“ излезе со интригантна идеја за можно засилување во јануарскиот преоден рок, посочувајќи го името на Един Џеко.
Повредата на Душан Влаховиќ, кој поради проблеми со коленото ќе биде надвор од терените до март, дополнително ги истакна слабостите во офанзивата на „бјанконерите“.
Фудбалери како Џонатан Дејвид и Лоис Опенда засега не се подготвени да ја преземат главната улога, што ги натера спортските раководители на клубот да размислуваат за итни решенија.
Иако во фокусот на трансфер-плановите на Јувентус се помлади напаѓачи како Матео Пелегрини од Парма и Лоренцо Лука од Наполи, се појави и една неочекувана опција – ангажман на 39-годишниот Един Џеко од Фиорентина.
Наводно, тренерот Лучијано Спалети го поддржува овој потег, повикувајќи се на претходната успешна соработка со искусниот босанскиот напаѓач во Рома. Џеко, според најавите, во јануари сигурно ќе ја напушти Фиорентина по неуспешната епизода таму.
Медиумите го опишуваат овој предлог како „екстремно решение“, повеќе како краткорочна помош отколку долгорочна стратегија. Сепак, доколку другите трансфери не се реализираат, доаѓањето на Џеко би можело да биде конкретен и реален потег за пополнување на празнината во врвот на нападот.
Во моментов Јувентус бара брзо решение, а одлуката околу Џеко би можела да биде клучна за продолжување на борбата за врвот во Серија А.
Џеко беше на чекор до трансфер во Јувентус во 2020 година, но Рома не сакаше да го пушти, па торинскиот клуб на крајот потпиша договор со Алваро Мората.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













