Јувентус имаше победа во свои раце, но на крајот остана без ништо. „Старата дама“ загуби со 3-2 од Сасуоло на „Мапеи“, а Лучијано Спалети по натпреварот беше особено разочаран од начинот на кој неговиот тим го одигра завршниот период.
Јувентус успеа двапати да се врати во натпреварот, но во моментите кога требаше да покаже најголема зрелост, целосно го загуби балансот. Спалети признава дека неговите инструкции биле да се продолжи со нападите, но фудбалерите претерале во желбата да стигнат до трите бода.
„Боли затоа што имавме реална можност да победиме. Создадовме ситуации и заслужувавме да направиме пресврт, но во последните минути престанавме да бидеме балансирани. Осум играчи тргнаа напред да ја освојат топката и оставивме огромни празнини зад себе“, изјави Спалети.
Тренерот на Јувентус дури презеде дел од одговорноста за таквиот пристап.
„Јас им кажував да продолжат да напаѓаат. Имавме шанса да поведеме со 3-2 и тие веруваа дека можеме да го направиме тоа. Но, можеби ме сфатија премногу буквално и сите тргнаа напред во ист момент. Желбата за победа е нешто позитивно и токму таа желба ни донесе ситуации за пресврт, но мора да знаеме и кога да застанеме. Во финишот бевме целосно небалансирани“, додаде италијанскиот стратег.
Спалети посочи и на сериозната грешка при првиот гол на Сасуоло. Одбраната не успеа да го изведе планот со високата линија, а дополнително му дозволи на противникот премногу лесно да ја контролира топката по аутот.
„Не бевме доволно агресивни, а потоа линијата беше превисока и оставивме простор кој противникот знаеше да го искористи. Тоа е наша одговорност и мора да го поправиме“, призна Спалети.
Проблем за Јувентус е и долгата листа на повредени. Во составот ги немаше Мануел Локатели, Жереми Бога, Вестон Мекени, Андреа Камбијазо, Кенан Јилдиз, Кефрен Турам, Џеф Екхатор и Хуан Кабал.
Спалети посебно говореше и за Рандал Коло Муани, од кого очекува поголем придонес во вакви натпревари.
„Мораме почесто да ја носиме топката до Коло Муани. Кога средината е преполна, тоа значи дека противникот игра човек на човек и тогаш ни треба некој кој може да ја задржи топката. Не го користевме доволно. Но, и тој мора да биде поодлучен во одредени моменти“, рече Спалети.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













