Connect with us

Спахиу: Самсунспор е силен, но Шкендија на реваншот ќе игра со поголема решителност

Македонскиот првак Шкендија вечерва од 18:45 часот на „Самсун стадион“ ќе го игра реваншот од нокаут-фазата во плејофот на Лига на Конференции против Самсунспор. На првиот натпревар во Скопје минатиот четврток, турскиот тим славеше со 0-1, па Шкендија има минимална негатива пред решавачките 90 минути.

Домаќинот има предност, но јасно е дека фудбалерите на Шкендија се максимално мотивирани да направат нова европска сензацијa, резултат кој ќе овозможи пласман во следната фаза на Лигата на Конференции.

Себастијан Спахиу истакна дека Шкендија е подготвена за надигрување.

„Самсунспор е навистина силен тим. На последниот натпревар не бевме во најдобра форма. На реваншот ќе дадеме 100% од себе и ќе играме со поголема решителност. Дефинитивно ќе се обидеме да постигнеме добар резултат, но тоа нема да биде лесно да се реализира“, изјави Спахиу.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови