По синоќешните возбудувања во Лигата на шампионите, кога Арсенал го декласираше Реал Мадрид со 3-0, а Интер славеше со 1-2 на гости кај Баерн Минхен, вечерва продолжуваат четвртфиналните пресметки од најелитното европско клупско натпреварување.
Љубителите на фудбалот ќе имаат можност да уживаат во две нови интересни средби. Барселона ќе ја пречека Борусија Дортмунд на стадионот „Монжуик“, додека Пари Сен Жермен ќе се соочи со Астон Вила на „Паркот на принцовите“.
Барселона – Борусија Дортмунд
Каталонскиот гигант предводен од Ханси Флик нема да експериментира со составот. И покрај неколку шпекулации, германскиот стратег се одлучи за најсилниот можен тим. Слично постапи и тренерот на Дортмунд, Нико Ковач, кој верува дека со брзи транзиции може да направи проблеми на високo поставената одбрана на Барселона.
Барселона: Шчешни, Кунде, Кубарси, Мартинез, Балде, Педри, Де Јонг, Јамал, Лопез, Рафиња, Левандовски
Борусија Дортмунд: Кобел, Антон, Џан, Бенсебаини, Рајерсон, Чуквуемека, Нмеча, Брант, Адејеми, Гитенс, Гираси
ПСЖ – Астон Вила
Францускиот шампион се вбројува меѓу главните фаворити за освојување на титулата, но Астон Вила веќе докажа дека може да изненади дури и најдобрите. Тимот од Бирмингем, предводен од Маркус Рашфорд во нападот, ќе се обиде да приреди нова сензација.
ПСЖ: Донарума, Хакими, Бералдо, Пачо, Мендеш, Невеш, Витиња, Руиз, Дембеле, Дуе, Кварацкелија
Астон Вила: Мартинез, Кеш, Конса, Торес, Диње, Тилеманс, Камара, Роџерс, Мекгин, Ремзи, Рашфорд
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Калјари ја победи Аталанта во Бергамо
Втора лига
Втора лига: Македонија ЃП подобра од Камјани
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса му нуди нов договор на Рафиња













