Норвешкиот интернационалец Александер Сорлот блеска во дресот на Атлетико Мадрид и се наоѓа во неверојатна голгетерска форма. Во натпревар од Ла Лига против Реал Сосиедад, Сорлот постигна четири гола во првото полувреме, доволни за убедлива победа од 4-0.
Она што го направи уште повпечатливо е фактот дека за само четири минути стигна до хет-трик — погоди во 7., 10. и 11. минута, а потоа во 30. минута ја заокружи фантастичната вечер со својот четврти погодок.
Со вакво издание, Сорлот не само што ги воодушеви фановите на „рохибланкос“, туку се наметна и како сериозен кандидат за титулата најдобар стрелец во Ла Лига оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal













