Connect with us

Соопштение на Шкендија: Ако ФФМ не ја преиспита одлуката, „Еколог“ ќе размисли за понатамошно присуство во македонскиот фудбал

Фудбалскиот клуб Шкендија излезе со реакција по едногодишната суспензија во Купот на Македонија и вкупната парична казна од 105.000 евра изречена од ФФМ поради немилите настани во финалето против Силекс.

Во соопштението на Шкендија, се вели:

„По последната одлука на Фудбалска федерација на Македонија кон Шкендија, спонзорот на клубот бара оваа, како што ја оценува, скандалозна одлука итно да биде преиспитана и коригирана.

Шкендија е еден од ретките клубови што функционира со сериозност, коректност и целосна усогласеност со спортските и финансиските обврски. Нашиот придонес низ годините бараше големи вложувања, труд и жртви. Дополнително, Шкендија е клубот кој со своите достоинствени настапи на европската сцена го зголеми коефициентот на македонскиот фудбал, од што корист имаат сите домашни клубови. Благодарение на тоа, од следната сезона македонскиот фудбал ќе добие дополнително место во европските купови.

Поради тоа, неприфатливо е со одлуки донесени зад затворени врати да се нанесува штета на еден сериозен проект и ваквиот придонес да биде „награден“ со намерни удари. Ваквиот пристап нè принудува да ја разгледаме и можноста за повлекување од клубот, па дури и од фудбалот во Македонија. Доколку ФФМ не ја повлече оваа одлука, ние како спонзор сериозно ќе го преиспитаме нашето понатамошно присуство, бидејќи ваквата одлука ги нарушува правата и политиките на клубот.

Очекуваме надлежните органи на ФФМ итно да покажат одговорност и да реагираат во интерес на спортската правда, клубот и иднината на фудбалот воопшто.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови