Connect with us

Сон го одведе Тотенхем во следната рунда од ФА купот, деби гол за Данџума (ВИДЕО)

Тотенхем се пласира во осминафиналето на ФА купот на Англија откако го совлада Престон на гости со 0-3. Двоен стрелец во составот на Антонио Конте беше Хјонг – Мин Сон.

Јужнокореецот во 50.минута го отвори резултатот во корист на Тотенхем, а во 69.минута и вторпат ја затресе мрежата на домашниот тим.

Во финишот, новото засилување за Тотенхем, Арно Данџума го постигна и дебитантскиот гол во дресот на лондонскиот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови