Оле Гунар Солскјер во текот на денешниот ден ќе одржи разговори со раководството на Манчестер Јунајтед во врска со позицијата привремен менаџер, објавија британските медиуми.
„Црвените ѓаволи“ се стремат да најдат тренер за остатокот од сезоната, откако во понеделник донесоа одлука да го отпуштат Рубен Аморим.
Рууд ван Нистелрој и актуелниот привремен тренер Дарен Флечер беа разгледувани за позицијата, но Солскјер и Мајкл Карик се сметаат за фаворити.
Карик, кој претходно работеше како асистент тренер на првиот тим под водство на Солскјер и имаше краток привремен мандат по неговото заминување, се сретна со раководството на Јунајтед порано оваа недела.
Солскјер треба да се види со директорот за фудбалски прашања Џејсон Вилкокс и со главниот извршен директор Омар Берада за детално да ги разгледаат работите по претходните разговори.
Солскјер беше на чело на Јунајтед од 2018 до 2021 година. Тој го доведе клубот до второ место во Премиер – лигата во сезоната 2020/2021, како и до финалето на Лига Европа во истата сезона, пред да биде отпуштен во ноември 2021 година.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













