Connect with us

Солскјер е подготвен да ја преземе клупата на Манчестер Јунајтед

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, покажал интерес за менаџерската позиција во клубот и изразил подготвеност повторно да застане на чело на „црвените ѓаволи“.

Солскјер не е загрижен за должината на договорот, ниту дали би бил привремен тренер, и е подготвен да прифати каков било тип и времетраење на договорот за да го преземе Јунајтед.


„Црвените ѓаволи“ ќе си земат време пред да донесат одлука кој ќе го води Манчестер Јунајтед, а Дарен Флечер ќе ја извршува улогата на привремен тренер оваа недела. Има две опции за клубот, да почека до крајот на сезоната за да именува постојан стратег на кормилото или тоа да го стори веднаш, но при лимитиран избор на тренерски имиња.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови