Connect with us

Соиграч на Ериксен: Тој сите нѐ предупреди дека во секој момент може да му се случи нов удар

Соиграчот на Кристијан Ериксен во Волфсбург, Патрик Вимер, откри дека бил шокиран од новиот срцев инцидент на данскиот репрезентативец за време на контролниот натпревар со Украина на 7 јуни, но не и изненаден.

„Тој нè предупреди. Во Волфсбург знаеме дека ваква ситуација може да се случи во секој момент“, изјави австрискиот репрезентативец Вимер за весникот „Кроне“.

„Веднаш му пишав и стапив во контакт со луѓето од стручниот штаб на Волфсбург. Тоа е најважно во моментов“, додаде фудбалерот, кој чувствува олеснување поради стабилната состојба на Ериксен и неговото подобрување.

„Добро сум и се наоѓам дома со моето семејство. Сакам да ги смирам сите: оваа ситуација не е како онаа од 2021 година“, напиша Данецот на својот профил на Инстаграм.

„Тој е фантастичен фудбалер, уште подобар човек, а пред сè татко и столб на своето семејство. Најважно за него во моментов е да пронајде сигурност и спокој – и внатрешен и надворешен“, истакна Патрик Вимер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови