Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, го изрази своето разочарување по поразот од 1-2 против Вулверхемптон во натпревар од 29. коло на Премиер – лигата.
„Лош резултат. Нашата игра во првото полувреме беше далеку од добра, додека во второто делувавме нешто поактивно. Сè повеќе се приближувавме до голот, но наместо тоа примивме погодок при првото влегување на противникот во нашиот шеснаесетник“, изјави Слот.
„Реагиравме веднаш и во два наврати бевме блиску до победнички гол, но на крајот загубивме по еден рикошет – таму дури и немаше вистинска гол-шанса“, продолжи холандскиот стратег.
„Ова е двојно поразочарувачки ако се има предвид колку напор вложуваме за да постигнеме гол. Пред натпреварот споменав дека најчесто погодуваме од прекини. Создаваме доволно шанси, но тешко ги претвораме во голови“, додаде тренерот на „црвените“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













