Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, не го криеше разочарувањето поради загубата на бодови на неговиот тим по ремито 2-2 против Фулам во натпревар од Премиер – лигата. „Црвените“ веќе се гледаа како победници, но примија доцен гол кој им одзеде два бода.
Тренерот е загрижен што вакви ситуации сè почесто му се случуваат на тимот.
„Мислам дека ако не си дел од Ливерпул и не нè следиш на секој натпревар, би помислил дека ќе победиме (по голот на Гакпо). Но, за жал, јас го доживувам ова со месеци. Првата шанса што противникот ја доби – и единствената во првото полувреме – заврши со гол. И тоа е нешто што често ни се случува. А второто нешто што го гледаме редовно е противникот да постигне неочекуван гол во судиското продолжение“, изјави Слот.
Ливерпул во 94. минута се гледаше како победник, но повторно не успеа да ги освои трите бода против Фулам.
Ливерпул настапи без својот најдобар стрелец, Хуго Екитике, за кого Слот проценил дека не може да игра откако ги добил резултатите од направената магнетна резонанца, како и без Александер Исак.
„Би сакал да имавме повеќе шанси, но со еден напаѓач против Фулам на гостински терен – не знам дали може да се очекува да создаваме шанса по шанса“, додаде Арне Слот.
„Генерално, мислам дека создадовме доволно можности за да го добиеме натпреварот. Одлично се справивме и ги ограничивме на можеби една, една и пол шанса“, заклучи менаџерот на Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













