Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, призна дека неговиот тим не одиграл добар натпревар, особено во првото полувреме против Нотингем Форест, иако на крајот стигна до драматична победа (0-1) во 97. минута. Со триумфот, „црвените“ се израмнија по бодови со Челси и Манчестер Јунајтед.
„Кога ќе постигнеш гол во последната минута, секогаш има и доза на среќа. Но, многупати оваа сезона ни се случуваше спротивното. Искрено, ремито ќе беше поправеден резултат“, изјави холандскиот стратег.
Слот нагласи дека првото полувреме било многу тешко за неговата екипа.
„Ја губевме секоја топка. Не можевме да ја задржиме ниту секунда. Единствено добро функционираше нашата одбрана во шеснаесетникот.“
Во вториот дел Ливерпул презеде поголема контрола врз играта, а според Слот, можеби влијание имаше и фактот што Форест играл во четвртокот, додека неговиот тим имал мирна недела.
Тој се осврна и на состојбата на Флоријан Вирц, кој почувствувал болка во грбот за време на загревањето и бил заменет од Кертис Џонс.
„Не мислиме дека е нешто сериозно. Почувствува проблем во грбот и не беше на 100 проценти. Затоа решивме да не ризикуваме. Се надеваме дека ќе биде подготвен следната недела, но ќе видиме како ќе се развива ситуацијата“, додаде Слот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













