Connect with us

Слот ќе добие отказ, а Џерард ќе ги спасува работите во Ливерпул?

Актуелниот англиски шампион Ливерпул бележи катастрофални резултати оваа сезона, поради што тренерот Арне Слот е под голем притисок и, според најавите, денеска ќе добие отказ по состанокот на управата на клубот.

Слот разочара со резултатите и не успеа да ја поправи формата на Ливерпул, иако доби дополнително време од раководството, па најверојатно ќе мора да си бара нов ангажман.

Англиските медиуми пишуваат дека Слот ќе замине од „Енфилд“, а на негово место ќе дојде легендата на клубот, Стивен Џерард.

Џерард во кариерата играше за Ливерпул и Лос Анџелес галакси, а како тренер работеше во Ренџерс, Астон Вила и Ал-Етифак.

Всушност, две имиња се во тесен круг за нов тренер на Ливерпул, легендата Стивен Џерард, кој неодамна одби понуда од Ренџерс да се врати на клупата на тој тим, и Џон Хејтинга, кој беше дел од стручниот штаб на Ливерпул, а потоа замина во Ајакс каде неодамна доби отказ.

Џерард би можел да го води Ливерпул до крајот на сезоната, по што би се донела конечна одлука дали да се продолжи со Џулијан Нагелсман или легендата на клубот да остане на клупата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови