Фудбалскиот клуб Работнички ќе биде првиот професионален фудбалски клуб во светот кој ќе чекори и во светот на НФТ. Со ова клубот ја отвори ширум портата кон дигиталната сфера. Светски познато име е амбасадор и поддржувач на овој проект.
Голема чест за ФК Работнички е да објави дека амбасадор на клубот, како и на НФТ К-клуб, ќе биде Дејан Петковиќ Рамбо, прославениот српски фудбалер кој буквално е славен како фудбалско божество во Бразил, открива клубот од Дебар Маало.
„Работнички гордо стои како предводник на револуционерните промени во фудбалскиот свет, како и во НФТ просторот! Со помош на ФК Работнички, а овозможено со НФТ технологијата, реалните фудбалски операции ќе бидат достапни за привилигираните членови на дигиталната заедница“, се вели во соопштението од клубот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski