Connect with us

Слатка победа за Јунајтед, стави крај на победничката серија на Сити (ВИДЕО)

Манчестер Сити можеби има голема предност на врвот на табелата во Премиер – лигата, но градскиот ривал Манчестер Јунајтед вечерва ја однесе победата (0-2) од „Итихад“ и го прекина триумфалниот чекор на тимот на Пеп Гвардиола. „Граѓаните“ имаа серија од 21 победа по ред, односно 28 трумфи во сите конкуренции, но потклекнаа пред составот на Оле Гунар Солскјер.

Бруно Фернандеш од пенал во втората минута ги доведе „црвените ѓаволи“ во водство, а Лук Шо во 50.минута зголеми на 0-2, Стерлинг, Фоден, Де Бруин имаа неколку убави шанси за погодок, но потфрлија во реализацијата. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови