Скот Мектоминеј се враќа во составот на Шкотска за двата натпревари од Лигата на нации овој месец против Македонија и Швајцарија. 29-годишниот играч за врска на Наполи во септември имаше операција на срцето, поради што го пропушти првиот собир на репрезентацијата.
Во составот повторно е и напаѓачот на Торино, Че Адамс, кој го пропушти претходниот собир поради мускулна повреда. Првпат повик во националниот тим доби и дефанзивецот Џејмс Пенрис, кој моментално настапува како позајмен фудбалер во Ренџерс, откако пристигна од грчкиот АЕК Атина.
Левиот бек на Селтик, Киран Тирни, кој поради повреда го напушти претходниот репрезентативен собир, повторно е на располагање. Од друга страна, централниот дефанзивец Скот Мекена ќе ги пропушти претстојните натпревари поради повреда на грбот, заработена на дуелот на Динамо Загреб.
Sébastien Pocognoli has named his Scotland squad for this month’s UEFA Nations League matches 🏴 ➡️ Read more here: https://t.co/It41YRRly9 🎟️ Get your tickets for the home match versus North Macedonia now: https://t.co/ay7oj2U05X https://t.co/4M9xLdlD50
— Scotland National Team (@ScotlandNT) November 3, 2026
Од списокот отпаднаа Џош Доиг, Колби Донован, Џејмс Вилсон и Ленон Милер.
Селекторот Себастиен Покоњоли го објави списокот од 26 фудбалери за домашниот натпревар против Македонија, кој ќе се одигра на 13 ноември на „Хемпден парк“. Три дена подоцна Шкотите ќе ѝ гостуваат на Швајцарија.
Шкотска моментно е на третото место во групата со четири бода од четири натпревари. Има три бода помалку од второпласираната Словенија и дури осум зад убедливиот лидер Швајцарија. Македонија е на последното место.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













