Connect with us

Скот Мектоминеј е избран за најдобар играч во Серија А, а Конте е најдобриот тренер

Фудбалерот на Наполи, Скот Мектоминеј, ја освои големата награда за играч на сезоната 2024/25 во Серија А. Шкотскиот репрезентативец имаше огромен придонес во освојувањето на титулата на и беше награден на церемонијата, која се одржа во Милано.

Во идеалниот тим на сезоната доминира Интер. Нераѕурите имаат петмина претставници, Дензел Дамфрис, Алесандро Бастони, Федерико Димарко, Николо Барела и Лаутаро Мартинез, додека од Наполи во идеалната единаесетка влегоа Мектоминеј и Амир Рахмани.

Во идеалниот состав се најдоа и двајца играчи кои веќе ја напуштија Серија А. Тијани Рејндерс прејде од Милан во Манчестер сити, а голгетерот Матео Ретеги ја замени Аталанта со Ал-Кадисија.

На церемонијата беа доделени и индивидуални награди. Антонио Конте беше избран за тренер на годината, а Наполи го доби признанието за тим на годината.

Напаѓачот на Интер, Франческо Пио Еспозито, беше прогласен за најдобар млад играч. Минатата сезона тој играше на позајмица во Специја.

Дефанзивецот на Удинезе, Николо Бертола, ја доби наградата за најдобар млад играч во Серија Б, каде што исто така настапуваше со дресот на Специја.

Фудбалерот на Каљари, Алесандро Дејола, го освои признанието за гол на годината. Наградата му беше доделена за погодокот во победата со 3-0 над Венеција во мај 2025 година, кој беше номиниран и за престижната ФИФА награда „Пушкаш“.

Сите добитници

Најдобар голман: Миле Свилар (Рома)
Најдобар десен бек: Дензел Дамфрис (Интер)
Најдобар лев бек: Федерико Димарко (Интер)
Најдобри централни дефанзивци: Алесандро Бастони (Интер) и Амир Рахмани (Наполи)
Најдобри во средниот ред: Николо Барела (Интер), Скот Мектоминеј (Наполи) и Тијани Рејндерс (Милан)
Најдобри напаѓачи: Лаутаро Мартинез (Интер), Моисе Кин (Фиорентина) и Матео Ретеги (Аталанта)
Најдобар тренер: Антонио Конте (Наполи)
Најдобар тим: Наполи
Најдобар судија: Даниеле Довери
Најдобар млад играч: Франческо Пио Еспозито (Специја)
Најдобар млад играч во Серија Б: Николо Бертола (Специја)
Гол на годината: Алесандро Дејола (Каљари)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови