Новиот прволигаш Скопје доведе уште две засилувања на самиот истек на преодниот рок. Нови играчи на клубот од Автокоманда се Владица Брдаровски и Милош Србинот Гордич.
Владица Брдаровски е искусен десен бек кој зад себе има богата кариера исполнета со настапи во македонскиот фудбал, но и интернационално искуство. Во својата кариера го носеше дресот на Пелистер, Работнички, Брно, Ѓер, Вардар, Дрита и Шкупи, а има настапувано и за репрезентацијата на Македонија.

Милош Гордич е новото офанзивно засилување за ФК Скопје. 33-годишниот српски напаѓач, висок 1,87 метри, во својата кариера настапувал во повеќе клубови, меѓу кои и Нови Пазар, а последниот интернационален предизвик го имаше во Индија, каде го носеше дресот на Намдари.
Претходно, за Скопје потпишаа и Томче Гроздановски и Али Адем, така што сега тренерот Муарем Муарем има на располагање многу поквалитетен состав.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













