Натпреварот од осминафиналето на Купот на Шпанија, градското дерби меѓу Бетис и Севилја беше прекинато во 40. минута со резултат 1-1 бидејќи еден од навивачите на Бетис фрли со шипка на теренот и го удри во глава играчот на Севилја, Хоан Џордан.
Набил Фекир со удар директно од корнер израмни на 1-1, а додека го прославуваше тој гол со соиграчите, неодговорен навивач фрли стап од трибините зад голот и најверојатно несакајќи го удри Џордан.
Судијата Рикардо де Бургос Бенгоечеа веднаш го прекина натпреварот, играчите на Севилја, меѓу кои и поранешниот хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ, веднаш се повлекоа во соблекувалната, додека домашните се обидуваа да го убедат судијата да го продолжи натпреварот, но безуспешно.
Инаку, Севилја во 35. минута ја доведе во водство Алехандро Гомез.
Мајорка се пласираше во четвртфиналето со победа (2-1) против Еспањол, Рајо Ваљекано со 1-2 славеше на гости кај Џирона.
WTF Sevilla vs Betis game has been suspended cos some fan hit a Sevilla player with a spear, WILD. pic.twitter.com/4Jto4jN2Dr
— WolfRMFC (@WolfRMFC) January 15, 2022
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski